League of Legends Macedonia
Добродојдовте на нашиот форум League of Legends Македонија, тука ќе запознаете повеќе играчи и исто така можете да играте во лига или куп и да дискутирате во темите наменети за тоа!
League of Legends Macedonia
Добродојдовте на нашиот форум League of Legends Македонија, тука ќе запознаете повеќе играчи и исто така можете да играте во лига или куп и да дискутирате во темите наменети за тоа!
League of Legends Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

League of Legends Macedonia

Добродојдовте на првиот официјален форум на League of legends во Македонија. Редовно организираме лиги и купови! Истотака на форумот можете да најдете и многу забавни содржини. Се најдобро!
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Правила на форумот

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 14
Златници : 36
Репутација : 0
Join date : 2019-03-09

Правила на форумот Empty
ПишувањеПредмет: Правила на форумот   Правила на форумот Icon_minitimeНед Мар 10, 2019 3:42 pm

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови. Регистрирање со вулгарно корисничко име е строго забрането и корисникот ќе биде баниран веднаш.

4. Во форумот "League of Legends Macedonia" иакo толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.

5. Стриктно зборување за League of Legends и работи поврзани со League of Legends (освен во Друго секцијата.)

6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.

7. Потписите можат да содржат сликa не поголемa од 475х85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст. Максималната големина на фонтот во потписите е 3.

8. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

10. Доколку постирате материјал кој не е дел од Вашиот труд, истакнете го оргиналниот автор доколку Ви е познат, доколку не - објавете од каде Ви е информацијата.

11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

13. League of Legends форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "Новости и информации".

14. Сите теми кој имаат наслов и текст напишан со сите големи букви ќе бидат избришани.

Објаснување на правилата

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
League of Legends форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др. Секое истакнување на друг форум поврзан со League of Legends во потписите или во постовите, ќе се смета исто така како СПАМ.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета на League of Legends форум. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го Вашето мислење.

4. Во форумот "League of Legends" иако толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.
Иако постои форум "League of Legends" каде што критериумите за изразување се пониски, сепак нема да толерираме никакви грубости или навреди спрема други членови. Дури и таму однесувајте се примерно и почитувајте ги останатите членови.

5. Стриктно зборување за League of Legends и работи поврзани со League of Legends (освен во Друго секцијата.)
Ова е форум наменет за League of Legends дискусии. Дозволено е постирање на работи кои се поврзани на било каков начин со League of Legends, но стриктно е забрането постирање работи надвор од тој контекст освен во Друго форумот.

6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

7. Потписите можат да содржат слика не поголема од 475x85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст.Максималната големина на фонтот во потписите е 3.
Потписот треба да е лично нешто кое ќе Ве претставува Вас или Вашата идеологија. Не ги користите потписите за бесплатно рекламирање. Дозволено е истакнување на линк до Вашиот личен блог, но не и до веб сајтот на Вашата компанија, во спротивно тоа се смета како СПАМ. Потписот одржувајте ги во нормални граници посочени во ова правило. Секој потпис кој не ги исполнува критериумите ке биде изменет од страна на администраторите.



8. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое Вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како Ваше.

10. Доколку постирате материјал кој не е дел од Вашиот труд, истакнете го оргиналниот автор доколку Ви е познат, доколку не - објавете од каде Ви е информацијата.
Доколку постирате нешто кое не е дел од Вашиот труд, едноставно објаснете од каде доаѓа тоа, каде сте го пронашле или пак доколку не Ви е јасен или не го знаете изворот истакнете дека трудот не е Ваш и дека не го знаете авторот. Сето она што ќе биде објавено а нема да е Ваш труд, и притоа не ги истакнете вистинските автори ќе се смета за прекршување на авторски права и интелектуална сопственост.

11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата. Ова важи и за Друго секцијата од форумот.

12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Админите/модераторите на League of Legends форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на League of Legends форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

Сите теми кој имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани.
Пишувањето со сите големи букви делува како да викате кон членовите, сите вакви теми ќе бидат избришани.
Вратете се на почетокот Go down
https://leagueoflegends.macedonianforum.net
 
Правила на форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
League of Legends Macedonia :: ОПШТО :: Новости и информации-
Отиди до: